Искусниот 32 годишен напаѓач Марјан Алтипармаковски е нов играч на ФК Вардар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во ПМФЛ досега има забележано164 настапи во кои има постигнато 41 гол. Во својата досегашна богата кариера има настапувано во екипите на Работнички, Брегалница, Струга и Пелистер во Македонија.
Зад себе има интернационална кариера играјќи во Судува (Литванија), Лачи (Албанија), Интер Запрешиќ (Хрватска), Панилиакос, Ксанти (Грција), Раднички Белград (Србија), Сараево (Босна), Пирин (Бугарија)
Во својата кариера има забележано и 13 настапи за младата репрезентација на Македонија.