Дома Фудбал Италија Уште еден проблем за Мурињо: Дибала го пропушта дербито во Серија А

Уште еден проблем за Мурињо: Дибала го пропушта дербито во Серија А

Eкипата на Рома беше поразена во четвртфиналето од Купот на Италија против Лацио, но тоа не е единствениот проблем за тимот на Жозе Мурињо по овој натпревар.

Имено, Паоло Дибала се повреди и денеска стигна потврда дека ќе го пропушти дербито со Милан во Серија А.

Аргентинецот е еден од најважните фудбалери во тимот на Мурињо и секако дека ова е удар за „волчицата“. Во натпреварот против градскиот ривал, Дибала мораше да биде заменет уште на полувремето откако го повреди бутниот мускул.

Натпреварот против Милан, Рома го игра во недела на „Сан Сиро“. Од доаѓањето во Рома, Дибала вкупно од терените поради повреда отсуствуваше 138 дена и пропушти 28 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Утрово пристигнаа одлични вести за Муриньо и Реал Мадрид!

Реал Мадрид доби утринава вест која може да ги израдува сите во клубот, особено тренерот Ж…