Манчестер Сити кој ја брани титулата во ФА Купот во четвртото коло ќе се сретне со екипата на Тотенхем и тоа е најголемото дерби во оваа фаза.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Челзи ќе игра против сезонава одличната Астон Вила, додека Ливерпул ќе биде фаворит на домашен терен против подобриот од мечот помеѓу Норвич и Бристол Ловерс.
Фулам дома ќе го пречека Њукасл, додека Лестер ќе оди на победникот од средбата Хал – Бирмингем. Манчестер Јунајтед исто така ќе биде фаворит против Њупорт или Истли, а победниците од натпреварите Кристал Палас – Евертон и Лутон – Болтон исто така ќе играат меѓусебе.
Ипсвич ќе игра против најслабопласираниот тим од оваа конкуренција Мејдстон Јунајтед, додека Вотфорд ќе оди Саутемптон.
The draw for the #EmiratesFACup fourth round is complete 🤩
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) January 8, 2024