Дома Фудбал На Барселона и требаше гол, а Чави го извади Левандовски: „Кај мене нема недопирливи“

На Барселона и требаше гол, а Чави го извади Левандовски: „Кај мене нема недопирливи“

Барселона со пресврт победи со 2:1 на гостувањето кај Лас Палмас во 19. коло од Ла Лига. Домашните имаа предност на полувремето, но гостите во вториот дел успеаја да го свртат натпреварот во своја полза.

Тренерот на Барселона Чави донесе интересна одлука на 20 минути пред крајот на натпреварот. При резултат 1:1 го извади од игра Роберт Левандовски.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Го сменив Левандовски затоа што ни требаа напаѓачи кои можат да напаѓаат зад одбраната, како Витор Роке и Феран Торес. Тоа беше игра за играчи како Жоао Феликс, Рафиња и Џамал, помалку за Роберто затоа што не напаѓа простор зад одбраната. “, изјави Чави.

Новинарот го праша тренерот на Барселона дали замената на Левандовски е знак дека веќе никој во тимот не е недопирлив.

“Зошто изненадување? Така е од првиот ден кога дојдов овде. Ништо не се смени. Кај мене нема недопирливи”, одговори Чави.

35-годишниот Левандовски е во Барселона од 2022 година. Оваа сезона постигна девет гола и запиша пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ванда Нара е минато: Оваа убавица е новата девојка на Икарди (Фото)

Фудбалерот Мауро Икарди и неговата избраничка Ванда Нара со години ги полнеа насловните ст…