Во средбата од 19. коло во шпанското првенство, Севиља го претрпе четвртиот пораз во последните пет натпревари.
Овојпат на домашен терен загубија од Атлетик Билбао со 2:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Очигледно, навивачите се незадоволни од последните резултати на клубот, а по новиот пораз пред камерите застана Серхио Рамос, еден од најискусните играчи во тимот.
Додека тој разговараше со новинар, навивачи од трибините фрлија нешто кон него.
Рамос ја прекина изјавата и вербално се пресмета со навивачите. „Почитувајте ги луѓето, почитувајте го овој грб! Овде разговараме! Почитувајте не и ќутете“, рече Рамос, а потоа продолжи со изјавата.
"¡TEN UN POCO DE RESPETO! ¡RESPETA A LA GENTE!”
— DAZN España (@DAZN_ES) January 4, 2024
¡Qué enfado de Sergio Ramos!#LALIGAenDAZN ⚽️ pic.twitter.com/n0T2aRNBEa
Севиља моментално е на 16-то место во првенствената табела со 16 бодови, што е само еден бод над зоната за испаѓање.