Фудбалерот на Челзи, Тиjаго Силва беше видно незадоволен по победата на неговиот тим над Лутон со 2-3 попладнево.
Челзи имаше дури 0:3 до 80. минута кога Рос Баркли погоди против својот поранешен клуб. Потоа започна драмата за „сините“ бидејќи примија уште еден, а Лутон беше во позиција целосно да се врати и да освои бод.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пристапот на неговите соиграчи не му се допадна на најискусниот Тиjаго Силва, кој по натпреварот изгледаше како неговиот тим да е поразен.
“Тиаго е секогаш таков. Често има што да приговори и никогаш не е среќен… Но, тоа е добро. Има 39 години и се уште игра на ова ниво”, ја објасни подоцна реакцијата на Бразилецот Маурицио Покетино.
Thiago Silva's reaction said it all after Chelsea almost gave up three points at Luton 😐https://t.co/Li0gHCL8Aw pic.twitter.com/xDRe2tKb64
— Mirror Football (@MirrorFootball) December 30, 2023