Дома Фудбал Што се случува со Бензема? Го избриша профилот на Инстаграм, а потоа ја напушти Саудиска Арабија

Што се случува со Бензема? Го избриша профилот на Инстаграм, а потоа ја напушти Саудиска Арабија

Саудиски медиуми објавија дека Карим Бензема ја напуштил Саудиска Арабија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Францускиот напаѓач не беше на тренингот на Ал Итихад во петокот, а како причина за напуштањето на клубот ги наведе личните причини.

Бензема ја напушти Арабија два дена откако го деактивираше својот Инстаграм профил, каде имаше повеќе од 76 милиони следбеници.

Бензема е на удар на навивачите, но и на медиумите кои го прогласија за главен виновник за лошите резултати на Ал Итихад.

Неговиот тим, еден од четирите во кои саудиската влада инвестираше огромни пари, заостанува огромни 25 поени зад лидерот Ал Хилал.

Бензема доби многу критики на социјалните мрежи и затоа наводно го деактивирал Инстаграм.

Сепак, се уште не се знае точно зошто ја напушти Саудиска Арабија, ниту кога има намера да се врати во клубот кој му плаќа 100 милиони евра по сезона.

Покрај тоа, тој добива бонус од 20 милиони евра како амбасадор на кандидатурата на Саудиска Арабија за Светското првенство во 2030 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Романо откри која е „бомбата“ на Перез од 150 милиони евра

гледа како една од најголемите ѕвезди на европскиот фудбал во иднина, пренесуваат странски…