Mилица Тасиќ која важи за најубавата српска одбојкарка е голем навивач на Црвена Звезда, меѓутоа вчерашниот натпревар на црвено-белите го следеше во дрес на противничкиот Панатинаикос.
Причината што на оваа средба Тасиќ беше облечена во дрес на грчкиот тим е нејзиното момче, Лука Вилдоза кој минатата сезона играше за Звезда, а сега член на Панатинаикос.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тасиќ седум години го носеше дресот на одбојкарскиот тим на Звезда, но сега љубовта беше доволна причина да го „сврти грбот“ на својот поранешен тим. Натпреварот на крајот заврши со убедлива победа на Панатинаикос од 82:65, Вилдоза постигна само два поени.