Легендарниот Франсоа Брачи кој прерасна во икона на Олимпик Марсеј бил пронајден мртов во текот на вчерашниот ден по долга и тешка болест на 72-годишна возраст.
Брачи играше на позицијата лев бек и учествуваше на Светското првенство во 1978 година во дресот на Франција, додека за Марсеј во два манадати собра вкупно 10 години од 1971. до 1979. година и од 1983. до 1985.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вкупно одигра 343 натпревари за овој клуб и ја освои титулата во 1972. и купот во 1976. година.
По завршувањето на играчката кариера прво тренираше клубови во Франција, потоа работеше во Алжир, Мароко и Тунис. Во Алжир во 2010 година освои и шампионска титула, куп и Суперкуп.