Денеска Фудбалската федерација на Македонија потврди дека нашите најдобри фудбалери на 3-ти јуни во Ријека ќе играат против селекцијата на Хрватска.
По потврдата се огласи и селекторот Благоја Милевски кој истакна задоволство што Македонија ќе има можност да игра против една од најсилните селекции.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Ни претставува задоволство што против Хрватска, една од најсилните европски селекции, ќе одиграме контролен натпревар. Тое е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со голема почит гледаат на нашата селекција. Натпреварот ќе биде одлична можност да напредуваме како тим и се разбира да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот пред почетокот на квалификациските натпревари“, изјави селекторот Благоја Милевски.
Ќе потсетиме, во текот на вчерашниот ден и официјално ФФМ потврди дека Милевски ќе ја води Македонија до 2026 година и покрај критиките од јавноста во изминатиот период.