Дома Фудбал Англија „Боксинг деј“ ветува: Крис Вуд со хет-трик го расплака поранешниот клуб

„Боксинг деј“ ветува: Крис Вуд со хет-трик го расплака поранешниот клуб

Како што е традицијата, во Премиер лигата еден ден после Божиќ се игра фудбал на традиционалниот „Боксинг деј“.

19-тото коло денес беше отворено со натпреварот помеѓу Њукасл и Нотингем, а на крајот оваа средба заврши со изненадувачка победа на гостите од 1:3. Еден од најдобрите натпревари во кариерата го одигра Крис Вуд, екс-напаѓачот на Њукасл.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Не изгледаше дека Њукасл ќе има проблеми кога преку Исак дојде до до водство со гол од пенал во 23-тата минута. Нотингем пред крајот на полувремето дојде до изедначување со првиот гол на Вуд на оваа средба.

Се очекуваше во вториот дел Њукасл да тргне офанзивно и да ја оправда фаворитската улога, но место тоа видовме два гола во мрежата на Дубравка. Двата беа дело на Вуд кој комплетираше хет-трик и немаше милост против поранешниот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Левандовски е минато: Фудбалер од Косово ќе го предводи нападот на Барселона!?

Фудбалската јавност во Косово е во екстаза откако се појави информација дека еден од репре…