Дома Македонски спорт Уште еден скок на Ѓорческа на ВТА листата

Уште еден скок на Ѓорческа на ВТА листата

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа 2023 година ќе ја заврши на 213.то место на ВТА ранг-листата.

Таа има скок од три места во однос на минатата недела, но бројот на поени е ист – 357. Во поединечна конкуренција кај жените Магдалена Стоилковска со 9 поени се наоѓа на 1208.то место и има пад од две места.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ѓорческа исто како и во сингл и во конкуренција на двојки има напредок од три позиции и се наоѓа на 364.то место со 226 поени.

Воедно најдобрата македонска тенисерка Ѓорческа на почетокот на новата сезона ја очекува настап во квалификациите на Австралија Опен во Мелбурн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…