Дома Фудбал По две години без работа, Солскјер е пред нов тренерски ангажман

По две години без работа, Солскјер е пред нов тренерски ангажман

Eкс-тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер набрзо би можел да се врати на тренерската работа.

Норвежанецот добил понуда од турскиот гигант Бешикташ и најверојатно ќе ја прифати. Солскјер е без работа од пред две години кога доби отказ во Манчестер Јунајтед, додека Бешикташ неодамна го отпушти тренерот поради лошите резултати.

Задачата на Солскјер во Бешикташ би била да го врати тимот на победничките патеки и да донесе еден позитивен шок. Неговите претходници Шенол Ѓунеш и Бурак Јилмаз немаа многу успех.

Во овој момент Бешикташ е петти на табелата, но е далеку од битката за титулата бидејќи Фенербахче и Галатасарај имаат по 43 бодови, а тие 26.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…