Дома Топ вести Гризман испиша историја: Го израмни рекордот на легендарниот Арагонес

Гризман испиша историја: Го израмни рекордот на легендарниот Арагонес

Францускиот напаѓач, Антоан Гризман игра во одлична форма во дресот на Атлетико Мадрид и тој е еден од лидерите на тимот оваа сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гризман сега израмни и еден важен рекорд на „јорганџите“ влегувајќи во друштво на легендарниот Луис Арагонес.

Французинот против Гетафе постигна два гола со кои дојде до бројката од 173 погодоци и го израмни рекордот на легендарниот Арагонес кој постигна исто толку за мадритскиот клуб.

„За мене ова беше посебна ноќ. Ноќ која донесе многу емоции, но се трудам да сум мирен. Голема е честа да се биде во иста категорија со Арагонес, тој е еден од најславните фудбалери на сите времиња, зборуваме за човекот кој ги постави темелите на модерниот Атлетико“, изјави Гризман.

Сезонава Гризман има феноменален учинок од 16 постигнати голови и две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гатузо ќе го води Лацио, еве и колку ќе заработува!

Џенаро Гатузо го презема кормилото на Лацио и се враќа во Серија А по петгодишна пауза. По…