Aнглиската Премиер лига носи посебни возбудувања во празничниот период кога распоредот е згуснат, а сега е најавен историски момент токму во овој период.
Предбожиќното коло во Англија ќе се игра на 23-ти и 24-ти декември и на овие натпревари предвидено е за првпат да видиме жена како главен арбитар на еден премиерлигашки натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Историја ќе испише Ребека Велч, таа ќе биде првата жена која ќе дели правда на натпревар од англиската елита. Претходно стана првата жена која суделе во Чемпионшип.
„Ова се клучни моменти за промени во фудбалот. Секој што поседува квалитет заслужува да добие шанса. Ребека треба да биде дел од елитата“, изјави Хауард Веб за „Би-Би-Си“.
History will be made in the Premier League this Christmas…
— Premier League (@premierleague) December 14, 2023
Rebecca Welch will become the competition's first woman referee and Sam Allison the first black official to take charge of a match for 15 years 👇