Дома Фудбал Останато Никогаш не би погодиле кој е најпребаруван спортист за 2023 година

Никогаш не би погодиле кој е најпребаруван спортист за 2023 година

Кристијано Роналдо и Лионел Меси во изминатите години доминираа во светскиот фудбал, па и воопшто во спортот, а иако сега и двајцата не се во Европа се уште знаат да привлекуваат внимание, секако не како некогаш.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Но, како еден доказ дека се уште не „заминале“ е податокот на „Гугл“ дека Интер Мајами, тимот каде што замина Меси е најпребаруван спортски тим изминатата година, додека Ал Наср на Роналдо е трет на оваа листа.

На листата на најпрабрувани спортисти најголемото изненадување е на првата позиција каде што се наоѓа Дамир Хамлин кој е играч на американски фудбал од редовите на Бафало Билс. Ретко кој од Европа слушнал за него, меѓутоа очигледно е и тоа како популарен. Хамлин во јануари годинава доживеал срцев удар на терен, а подоцна успеал да се врати на терените.

Веднаш зад него е француската ѕвезда од редовите на ПСЖ, Килијан Мбапе, додека на третата позиција доаѓа уште еден играч од НФЛ лигата, Трејвис Келси од Канзас Сити. Место во топ 5 имаат уште НБА кошаркарот од Мемфис, Џа Морант и напаѓачот на Баерн Минхен Хари Кејн.

Зад првата петорка е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за кого 2023 година беше една од најдобрите во неговата кариера. Ѓоковиќ играше во финалето на четири грен-слем турнири и победи на дури три. Неговиот најголем ривал во овој момент Карлос Алкараз е на шестата позиција.

Помеѓу спортските тимови како што споменавме првото место му припадна на Интер Мајами на Меси, на второто се ЛА Лејкерс, а на третото Ал Наср на Кристијано Роналдо, европскиот шампион Манчестер Сити е четврти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потресни сцени на погребот на УФЦ-борец: Шпалир, музика и аплауз кој ги расплака сите (Видео)

Светот на боречките спортови и УФЦ останаа завиткани во црно по веста дека УФЦ-борецот, Ал…