Дома Фудбал Официјално: Гранада и Атлетик Билбао денес ќе го продолжат натпреварот

Официјално: Гранада и Атлетик Билбао денес ќе го продолжат натпреварот

Средбата помеѓу Гранада и Атлетик Билбао од шпанската Ла Лига вчера беше прекината поради смрт на навивач на домашниот тим и овој дуел ќе биде продолжен денеска од 21:00 часот.

Натпреварот се прекина по 17 минути игра откако на еден навивач на трибините му се слоши. Имаше интервенција од медицинскиот персонал, но подоцна беше откриено дека навивачот починал на пат кон болница.

По добиената информација двата тима одлучија да не го доиграат натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италијанските гиганти играат на сигурно: Каде е шансата за младите тренери?

Европските разочарувања на Јувентус, Милан и Аталанта отворија поширока дебата: дали најго…