Новак Ѓоковиќ беше еден од најгласните кога на сила во светот беа рестрикциите поради коронавирусот, српскиот тенисер и по цена да проблеми во кариерата не одлучи да се вакцинира.
Сега иако станува збор за теорија која е тешко да се разбере, екс-тенисерката Рене Стабс зборува дека доминацијата на Новак во овој момент е затоа што не дозволил да биде вакциниран.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не е поврзано ништо со некакво дејство на вакцината, туку таа смета дека во тој период кога Ѓоковиќ не играше на турнирите поради задолжителната вакцинација доволно се одморил, додека останатите се вакцинираа и играа.
За пример таа го истакна Каспер Руд.
„Тенисерите како него потребно е подобро да го испланираат својот распоред. Токму неговата свежина и одморот кој го доби затоа што не беше вакциниран е причината која доминира сега на терените“, убедена е Стабс.