Дома Фудбал Не е било кој: Шведска воведе посебни мерки за синот на Ибрахимовиќ

Не е било кој: Шведска воведе посебни мерки за синот на Ибрахимовиќ

Синот на легендарниот Златан Ибрахимовиќ доби повик во репрезентацијата на Шведска за фудбалери родени до 2008 година.

Доаѓањето на младиот Винсент привлече големо внимание, сигурно станува збор за најголемиот интерес за У15 селекцијата на Шведска во историјата. Во кампот на репрезентацијата има 66 фудбалери кои ќе се обидат да изборат место во националниот тим.

Интересно е што Фудбалската федерација на Шведска презема посебни мерки за обезбедување на младиот Винсент.

Според пишувањето на локалните медиуми, Винсент веднаш на првиот тренинг покажал голем квалитет, а за разлика од неговиот татко тој игра во средниот ред.

Но, на новинарите им било забрането да го вознемируваат за било какви изјави и интервјуа. Во сојузот сакаат неговиот потенцијален влез во репрезентацијата да биде прирорден како што е случај и со останатите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ со необичен подарок за Кејн: Топка што ја раскажува фудбалската историја

Пред дуелот на „Вембли“, Лука Модриќ му ја честиташе „Златната топка“ на Хари Кејн со репл…