Навивач на францускиот прволигаш Нант беше убиен во саботата во судир со навивачите на Ница пред натпреварот од француското првенство.
Трагедијата се случила кога група навивачи на Нант нападнале од заседа конвој возила во кои навивачите на Ница се движеле кон стадионот „Божоар“.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во метежот биле искршени стаклата на автомобилот, а се случило и еден домашен навивач, член на групата „Бригада Лоара“ за жал смртно да биде прободен со нож во грб.
Неговите пријатели во најкраток можен рок го донеле во локалната болница, каде несреќниот 31-годишник бил веднаш опериран, но тој по неколку часа им подлегнал на повредите.
„Екип“ наведува дека истрагата е во тек и дека многу лица се уапсени. Во текот на ноќта беа испрашувани сведоци.