Домениканскиот атлетичар Лугелин Сантос е суспендиран на три години од страна на единицата за интегритет во атлетиката. Сантос не доби суспензија поради допинг туку поради лажирањето на својот датум на раѓање.
Тој е олимписки вицешампион на 400 метри во Лондон од 2012 година, додека на игрите во Токио пред две години во мешана штафета 4×400 го освои среброто.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Роден е 12. ноември 1992 година, а како јуниор ја фалсификувал годината на раѓање и се натпреварувал како да е роден 1993 година на Светското јуниорско првенство во Барселона во 2012 година.
На тоа Светско првенство ја освои титулата која сега му е одземена.
„Со оглед на правилата според кои на тоа првенство смееле да настапат само атлетичари кои иамле 19 години до 31. декември 2012 или помлади, Сантос немал право на настап“, стои во пресудата за суспензија.