Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар убедливо запиша уште една победа против Загреб во ЛШ

Вардар убедливо запиша уште една победа против Загреб во ЛШ

Вардар славеше и во третото коло од Лигата на шампионите, славејќи на домашен терен против ППД Загреб со 28:21.

Црвено-црните забележаа три лоши минути на стартот, а во истите противникот успеа да поведе со 3:0. Потоа, Вардарци се вратија во игра и го контролира мечот во остатокот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првиот дел во самиот финиш беа изнудени неколку пенали и исклучувања, што му помогнаа на европскиот шампион да создаде три позитива на полувреме, односно 13:10.

Во вториот дел одбраната на Вардар се покажа одлично, а доказ за тоа се и осуммте празни минути на противникот без ниту еден постигнат погодок.

Одличниот состав на Гонзалес само рутински потоа ја запиша и третата победа оваа сезона во европското натпреварување.

Во таборот на нашиот тим, Македа и Борозан постигнаа по 4 погодоци и беа најпревизни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…