Дома Фудбал Италија Историја: Милан повика 15-годишно момче за мечот со Фиорентина

Историја: Милан повика 15-годишно момче за мечот со Фиорентина

На дуелот меѓу Милан и Фиорентина би можела да биде испишана историја, доколку на теренот се појави 15-годишниот Франческо Камарда.

Камарда во овој момент важи за еден од најголемите таленти во школата на „росонерите“ и доби повик од тренерот Пиоли во првиот тим.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Пиоли се соочува со проблеми бидејќи има неколку повредени фудбалери во нападот, па реши за мечот со Фиорентина да го повика Камада.

Милан побара дозвола од Федерацијата за да го повика фудбалерот за меч во Серија А и доби зелено светло.

Доколку Камарда заигра против Фиорентина, со 15 години, осум месеци и 15 дена ќе стане најмладиот дебитант во историјата на италијанскиот шампионат. Суперталентираниот голгетер претходно ги урна сите рекорди во најмладите категории на италијанскиот фудбал и постига 485 гола на 89 средби во својата возрасна категорија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мaроко триумфираше на отворањето на Купот на нациите. Погледнете го извонредниот гол со ножички

Фудбалерите на Мароко ги поразија Коморските Острови со 2:0 во првиот натпревар на 35-то и…