Дома Фудбал Останато Хаџибегиќ: Ако постигнев гол во 1990 година немаше да има војна во Југославија!

Хаџибегиќ: Ако постигнев гол во 1990 година немаше да има војна во Југославија!

Фарук Хаџибегиќ е поранешен репрезентативец на Југославија и еден од тројцата играчи кои во четвртфиналето на Светското првенство во 1990 година не искористи пенал против Аргентина.

Пред него неприцизни беа Драган Стојковиќ-Пикси и Драгуљуб Брновиќ, а Хаџибегиќ не реалзиираше во последнта серија и Аргентина мина во полуфиналето, а подоцна загуби во финалето од Германија.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Да постигнев гол ќе игравме во полуфиналето на Светското првенство. И не сакам да звучи претенциозно, но мислам дека подоцна немаше да се случи војната во Југославија. Кога денес ќе погледнам што се случува во светот, очигледно е дека ништо не е научено од историјата. Ова не е проблем на културата, религијата, економската криза, тоа само е политика“, изјави Хаџибегиќ.

Хаџибегиќ, кој живее во Франција и е тренер на второлигашот Валенсиен изјави дека сé уште се чувствува како Југословен.

„Да, тоа е случај со повеќето луѓе на просторите на поранешна Југославија. Но, денес сме принудени да се викаме Срби, Босанци, Хрвати, Црногорци…Тоа ни го наметнаа“.

Хаџибегиќ во периодот од 1982 до 1992 година одиграл 61 натпревар за Југославија и постигнал шест гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…