Дома Македонски спорт Мак ракомет Пелистер во последните секунди поразен од Пик Сегед

Пелистер во последните секунди поразен од Пик Сегед

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер загуби од Пик Сегед со 27-28 во осмото коло од групната фаза во ракометната Лига на шампион.

Битолчани постојано бркаа негатива во првото полувреме, кое им припадна на гостите со 15-12, а драмата продолжи и во вториот дел.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Пелистер неколку пати успеа да израмни, но немаше сила за пресврт, па на 10 секунди пред крај прими гол од Пик Сегед за осми пораз во ЛШ.

Борзаш беше најефикасен во таборот на Еурофарм Пелистер со шест гола, пет погодоци на дебито постигна Филип Кузмановски, а со четири гола мечот го заврши Жарко Пешевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Објавени имињата на клубовите кои добија лиценца настап во Европа

Одделнието за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека …