Дома Фудбал Останато Бугарската легенда удри по Белингам: Не заслужи да биде најдобар!

Бугарската легенда удри по Белингам: Не заслужи да биде најдобар!

Поранешниот фудбалер на Барселона, Христо Стоичков имаше пофални зборови за фудбалскиот талент на Џуд Белингам, но смета дека не ја заслужил наградата која ја добил неодамна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стоичков играше за Барселона од 1990 до 1997 година и ја освои „Златната топка“ во 1994 година, а во интервју за „Тутоспорт“ вели дека Белингам не ја заслужил наградата „Златно момче“ за 2023 година.

„Не можам да го оспорам неговиот квалитет, тој е еден од најталентираните фудбалери во светот. Иднината е негова, но ќе се бори со Мбапе и Халанд за ‘Златната топка’.

Сепак, мислам дека не требаше да ја добие наградата за ‘Златно момче’. Признанието требаше да му припадне на Мусиала или на Балде“, вели Стоичков.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатни сцени: Третолигаш од Германија донесе 6.500 навивачи во Англија (Видео)

Ханза Росток можеби се мачи на теренот, но на трибините има огромна поддршка. Навивачите н…