Репрезентативнит голман на Македонија, Столе Димитриевски зборуваше на пресконференцијата пред утрешниот меч против Англија.
Се уште боли поразот од првиот меч на „Олд Трафорд“, а Столе посакува да ја зачува мрежата и да покажеме дека тој резултат не е реалност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Натпреварот во Англија беше многу тежок за нас, резултатот во однос на нашите квалитети не е реален, тоа може да се случи на секого. Сега имаме нов натпревар против Англија и шанса да докажеме дека таа слика за нас е погрешна, Се надеваме дека утре ќе се прикажаме во многу подобро издание“.
„Утре очекувам да се покажаме во вистинско светло. Како и секогаш да дадеме се од себе и да одиграме на високо ниво за на добар начин да ги завршиме овие квалификации. Очекуваме одличен спектакл, ќе го дадеме максимумот, иако пред три дена одигравме еден тежок натпревар“, истакна Димитриевски.