Првата исторска трка во Лас Вегас во Формула 1 донесе интересна и возбудлива трка, а на крајот прв низ целта помина, Макс Ферстапен.
Трикратниот светски шампион во болидот на Ред Бул се врати од казна од пет секунди и откако падна на петтото место. Холанѓанецот прв ја мина целта низ улиците на Лас Вегас за 18-та сезонска победа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Серхио Перез имаше најголем напредок, дојде и до втората позиција, но Шарл Леклер успеа да си ја врати позицијата и да се искачи на второто место на подиумот оставајќи го Перез на третото место.
Бодови во Лас Вегас освоија уште Окон, Строл, Саинц, Хамилтон, Расел, Алонсо и Пјастри.