Новак Ѓоковиќ вечерва од 21:00 часот ќе го игра полуфиналето на Завршниот мастерс турнир во Торино против Карлос Алкараз и тоа ќе биде нивни петти меѓусебен дуел.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Најдобриот тенисер во светот ќе се сретне уште еднаш со вториот светски рекет. Ѓоковиќ од сите четворица тенисери помина најмногу време на теренот, осум часа и 23 минути.
Против Јаник Синер и Холгер Руне играше над три часа, додека портив Хуберт Хуркач два часа и шест минути.
Тоа се дури три часа и 13 минути повеќе од Алкараз во „Црвената група“. 16 години помладиот Шпанец против Медведев и Рубљов играше помеѓу час и 15 и 20 минути, додека против Зверев на теренот помина повеќе од два ипол часа за вкупно пет часа и десет минтуи на теренот.