Дома Фудбал Останато ПСЖ се премисли: Сега не сака да му додаде нов договор на Мбапе?!

ПСЖ се премисли: Сега не сака да му додаде нов договор на Мбапе?!

Раководството на францускиот фудбалски гигант ПСЖ нема намера да му понуди нов договор на Килијан Мбапе, пренесува „АС“.

Мбапе има важечки договор со шампионот во француската „Лига 1“ до следното лето, а шпанскиот медиум тврди дека парижаните сакаат напаѓачот да ја активира неговата опција во неговиот актуелен договор за автоматско продолжување до јуни 2025 година.

Меѓутоа, ако тоа не се случи, Мбапе и неговите агенти ќе можат да преговараат со други тимови од јануари.

Францускиот репрезентативец има 15 гола и една асистенција на 15 натпревари за париските „светци“ од почетокот на сезоната.

Како што и натаму се шпекулира, Реал Мадрид би можел да биде следниот клуб на Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал и Тотенхем го следат бисерот на Барса: за Еспарт поставена „блокада“ од над 100 милиони евра

Двата лондонски клуба внимателно го следат 19-годишниот Чави Еспарт, но Барселона веќе се …