Финскиот возач на Ф1, Кими Рајконен беше најбрз на третиот слободен тренинг за ГН на Малезија на која беше 0.162 секунди побрз од својот тимски колега, Себастијан Фетел.
Рајконен возеше 1:3.880 на суперсофт гуми пред Фетел кој беше убедливо најбрз на вториот тренинг, а Рикиардо во Ред Бу беше половина десетинка побавен на третата позиција. Возачите на Мерцедес успеаа да најдат брзина во однос на петокот и завршја на четвртата и петтата позиција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И додека сме во исчекување на главната трка, како предигра на истата стаза беше оддржана и трката за Ф4. Меѓутоа, истата заврши на бизарен начин.
Имено, никој, ама буквално никој не успеа да дојде до целта, а причината за оваа трагикомедија е и повеќе од бизарна.
Имено, трката заврши на урнебесен начин. Тимовите лошо проценија колку гориво секој болид треба да има во својот болид, па еден по еден се откажуваше и никој не успеа да ги комплетира деветте круга колку што требаа да се извозат.
На крајот, Кејн Шепард кој стигна најдалеку е прогласен за победник.
Ваков блам навистина е реткост да се види.