Дома Македонски спорт Мак фудбал Oгромен скок на Струга на УЕФА ранг листата

Oгромен скок на Струга на УЕФА ранг листата

Актуелниот македонски фудбалски шампион Струга Трим Лум кој имаше најдолго европско лето годинава меѓу нашите претставници, скокна за дури 89 места на УЕФА ранг листата.

После елиминацијата во првото квалификациско коло на Лигата на шампионите против Жалгирис (1:2, 0:0), следуваше преселба за играчите на Шпетим Дуро во квалификациите за Конференциската лига. А таму најпрвин остварија две победи против Будуќност (1:0, 4:3), потоа за еден гол беше подобри од Есперанж (3:1, 1:2), а во плеј-офот, што беше последна пречка на патот кон групите, двапати беа совладани од Бреидаблик (0:1, 0:1).


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тоа беше само второ излегување на Струга на меѓународната сцена, по дебитантската 2021/2022 сезона. Моментно Струга Трим е на 328 местo со коефициент 3,500.

Шкендија e најдоброрангиран македонски фудбалски клуб со коефициент 8,000 на 176 место, додека ФК Шкупи е на 179 позиција со коефициент 7,500.

После Струга, следуваат Македонија ЃП на 331 позиција, Силекс од Кратово на 365 место, Академија Пандев (сега Брера Струмица) на 392 позиција и Ренова на 410 позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Јувентус во проблем: Влаховиќ не игра во дербито со Милан!

Душан Влаховиќ поради повреда сигурно нема да игра против Милан во 13. коло од италијанска…