Дома Фудбал Спалети остана без фудбалерот на Јувентус пред натпреварот со Македонија

Спалети остана без фудбалерот на Јувентус пред натпреварот со Македонија

Италијанскиот селектор, Лучијано Спалети потврди дека Мануел Локатели од Јувентус нема да му биде на располагање за претсојните репрезентативни натпревари.

Локатели се пожалил на повреда уште пред доаѓањето, а по направените преглди во тренинг-кампот на Италија било одлучено да се врати во Торино и да почне со рехабилитација.

„Проблеми со повреди скоро секогаш има и тоа се нормални работи во фудбалот, мора да сте спремни. Удоги го почитувам и не е со нас поради повреда, Локатели дојде и си замина. Исто така на повреди се жалат, Кристанте и Камбијасо, за нив подоцна ќе донесеме одлука“, изјави Спалети.

Како што стојат работите, со новонастанатата ситуација против Македонија би можел да стартува Жоргињо за кого овие натпревари се камбек во националониот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …