Дома Останати Тенис Сега и официјално: Ѓоковиќ испиша нова историја!

Сега и официјално: Ѓоковиќ испиша нова историја!

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ во меч кој траеше повеќе од три часа славеше со 2:1 во сетови (7:6, 6:7, 6:3) против Данецот Холгер Руне во првиот меч од зелената група на АТП завршниот турнир во Торино.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со овој триумф Ѓоковиќ го обезбеди првото место до крајот на сезоната на АТП листата.

Во клучниот сет Ѓоковиќ прв стигна до брејк кога поведе со 2:0, меѓутоа Руне брзо возврати, но потоа побара медицински тајм-аут. Во продолжение Ѓоковиќ направи нов брејк и тој се покажа како доволен за да го добие сетот со 6:3 и да слави победа.

За Ѓоковиќ ова ќе биде осма, рекордна година која ја завршува како најдобар тенисер во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз доби зелено светло за враќање: Еве каде ќе настапи!

Еден од најдобрите тенисери во светот, Карлос Алкараз, конечно ги реши проблемите со повре…