Дома Македонски спорт Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Ираклион

Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Ираклион

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа (3.носителка) успеа да се пласира во четвртфиналето на фјучрсот во грчкиот град Ираклион на Крит откако во второто коло ја победи Шпанката Андреа Лазаро Гарсија со 2-0 во сетови (75 60) за еден час и 35 минути игра.

Таа утре ќе игра против Романката Кристина Дину, која со 2-1 во сетови (62 (7)67 64) славеше победа над сонародничката Александра Игнатик во меч што траеше без малку четири часа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во меѓусебните мечеви скорот е 3:2 за Ѓорческа, која има победи на последните три меча.

Во првиот сет Гарсија поведе со 2:0 во гемови, а по 2:2 ниту една од тенисерките немаше предност од два гема (3:3; 4:4; 5:5). Во 11.тиот гем Ѓорческа направи брејк и поведе со 6:5, а во следниот гем по 0/30 освои четири поени во низа и ја искористи првата сет топка за 7:5 и водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет Ѓорческа немаше проблеми со противничката и нејзината игра и сетот го доби со 6:0.

Во текот на мечот Ѓорческа имаше 2 ас сервиса и 8 двојни сервис грешки (само една во вториот сет). Нашата тенисерка реализираше 7 брејк топки од 13 можности, а Гарсија имаше реализација 3/5. Во вкупниот број поени скорот беше 69:53 за Ѓорческа (24:11 втор сет).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ВМФЛ: Победи на фаворитите, „лавовите“ најубедливи

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпревари од 15. коло во Втората лига. …