Фантастичниот напаѓач на Манчестер Сити доживеа сообраќајна несреча во Амстердам.
Агуеро во несреќата скрши ребро, а од потешки повреди го спасил појасот кој го имал на себе. Не е познато колку 29-годишниот Аргентинец ќе отсуствува, но тој веќе се врати во Манчестер, па на Твитер им се обрати на своите фанови.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Ви благодарам од срце на пораките за поддршка, навистина ми помагаат во закрепнувањето. Таксито во кое се наошав погрешно се насочи и удри во столб. Ударот беше силен, но појасите не спасија од потешки повреди. Би сакал да им се заблагодарам на персоналот од универзитетската болница во Амстердам на грижата и поддршката. На сите ви симнувам капа“, напиша Агуеро и додаде:
„Моментално сум во својот дом во Манчестер, ме прегледаа клупските доктори. Скршено е моето ребро. Боли, но добро сум, потполно сум фокусиран на закрепнувањето. Ви благодарам на сите“.