Дома Фудбал Италија Кутроне по победничкиот гол за „Росонерите“: Не спиев многу

Кутроне по победничкиот гол за „Росонерите“: Не спиев многу

Младиот Патрик Кутроне на Милан му донесе победа над Ријерка во Лига Европа со 3:2.

Кутроне е брилијантен, но за него нема место во составот на Милан покрај новите засилувања како Андре Силва и Никола Калиниќ, но кога и да добие шанса тој ја користи. Така во игра влезе против Ријека и во судиското надополнување погоди за 3:2 на својот тим.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Не спиев многу, дел поради емоции, дел поради играта. Бев среќен што победивме и помислив на голот. Благодарам на сите кои ми пишаа, добив навистина многу пораки. Клубот и Монтела ми веруваат и сакам да им се заблагодарам. Ќе се обидам што е можно повеќе да се вратам во екипата. Давам се од себе на секој тренинг и на секој меч“, истакна Кутроне.

Потоа, младиот напаѓач го најави дуелот со Рома и дека од многу причини тој е важен за „Росонерите“.

„Се подготвуваме за секој меч како за финале. Знаеме колку овој натпревар е важен, и ќе дадеме се од себе“, заклучи Кутроне.

На крајот, на прашање врзано за идолот на Кутроне, тој откри дека тоа е легендата на клубот од Милано, Шевченко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Потврдено новото засилување на Рома!

Французинот Флорен Гизолфи ќе стане нов спортски директор на Рома, објави неговиот досегаш…