Дома Македонски спорт Стрелецот на голот за паметење: Почестен сум поради споредбите со Марадона

Стрелецот на голот за паметење: Почестен сум поради споредбите со Марадона

Бразилецот од редовите на Вардар во вчерашниот натпревар на гостински терен против Розенборг беше стрелец на првиот гол за Вардар во Лигата на Европа.

Фелипе погоди во финишот кога Розенборг веќе имаше убедлива предност од 0:3, но неговиот гол беше вистинско ремек-дело кое сигурно долго ќе се памети.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После натпреварот Фелипе истакна дека е среќен поради неговиот погодок, но не е задоволен од резултатот кој според него е незаслужен.

„Против Розенборг одигравме добро, но сепак и покрај желбата која ја имавме да ја израдуваме македонската јавност не успеавме. Резултатот не е реален показател на силите на теренот, ние бевме рамноправни, на моменти и подобар противник. Сепак, не треба да мислиме на овој натпревар, пред нас се уште четири исклучително тешки натпревари во кои се надеваме дека ќе освоиме бодови“, изјави Фелипе.

„Кога сме кај мојот погодок, навистина сум среќен, посебно почестен сум поради споредбите со голот на фудбалска легенда каква што е Диего Армандо Марадона“, заврши вардаровите фудбалер.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…