Дома Топ вести Јувентус се вклучи во трката за фудбалерот на Сити

Јувентус се вклучи во трката за фудбалерот на Сити

Јувентус во јануари сака да донесе квалитетен играч за врска, кој ќе биде замена за суспендираниот Пол Погба.

Прва желба на раководството е англискиот репрезентативец Калвин Филипс и „бјанконерите“ веќе работат на трансферот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Филипс требаше да биде големо засилување за тимот на Гвардиола, но Англичанецот ретко добива шанса и не ги оправда очекувањата.

Филипс нема иднина на „Етихад“ и сака да ја промени средината во јануари, а интерес за него покажуваат многу европски клубови.

Јувентус е спремен да ја победи конкуренцијата, бидејќи Алегри смета дека Филипс идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…