Ракометната репрезентација на Македонија се подготвува за двата пријателски натпревари против Грција.
Избраниците на Лазаров против Грција ќе играат на 3-ти и 4-ти ноември во Солун, а пред оваа средба пристигна провокација од грчкиот селектор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на Грција, Георгиос Заравинас од некоја причина одлучи да избегне да каже Македонија и најави дека неговата репрезентација ќе игра против Скопје.
„Во Солун ја одработуваме првата недела од подготовките за првиот настап на ЕП, фаза е исклучително важна за нас поради што ќе играме две силни пријателски средби против Скопје.
За нас е важно да имаме силни пријателски средби против земји што во последниве години биле постојано присутни во финалните фази од европските и светските шампионати“, изјави грчкиот селектор.