Дома Фудбал Винисиус потпиша нов договор со Реал Мадрид

Винисиус потпиша нов договор со Реал Мадрид

Реал Мадрид и официјално ја продолжи соработката со Винисиус Жуниор до 30. јуни 2027 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Винисиус член на Реал Мадрид е од јули 2018 година кога пристигна како 18-годишник. За шест сезони во Мадрид Бразилецот собра 235 настапи и постигна 63 голови.

Исто така освои девет трофеи од кои: Два во  Ла Лига, шпанскиот Суперкуп и Светското клупско првенство, по еден во Копа Дел Реј, Лигата на шампионите и УЕФА Суперкупот.

Вистински херој за Реал беше во минатогодишното финале во ЛШ кога го постигна единствениот гол за „кралевите“ во победата од 1:0 против Ливерпул.

Сезоната 2021/2022 Винисиус беше прогласен и за најдобар млад фудбалер во Лигата на шампионите, а на двапати беше во најдобрите 11 во елитното натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Проклетството“ на семејството Клајверт: Татко и син на ист датум и на ист начин промашија пенали! (Видео)

Фудбалерите на Холандија трет пат по ред испаднаа на Светските првенства после полошо изве…