Дома Фудбал Германија Ројс после пет месеци почна да тренира

Ројс после пет месеци почна да тренира

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс денес го одржа првиот тренинг со своите соиграчи по пауза од речиси пет месеци.

Ројс последен пат настапи во дресот на „милионерите“ во Купот на Германија, на 21 мај против Баерн Минхен, а го пропушти и Европското првенство, кое се одржа во Франција.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Првично се очекуваше тој да се врати на терените во август. После неговото враќање се одложи за септември, кога повторно се покажа дека проблемите со адукторите не се решени.

Сеуште е нејасно кога крилниот напаѓач ќе се врати на терените, а од таборот на Борусија Дортмунд се надеваат дека ќе може да заигра официјален натпревар на почетокот од ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Поради едно ново правило бројот на црвени картони може да се зголеми: Тоа мормае да го направиме!

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, отвори можност играчите да бидат исклучени од натпр…