Реал Мадрид покажува сериозен интерес за младата ѕвезда на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, пренесува „Билд“.
Весникот тврди дека Баварците воопшто не размислуваат за продажба на својот „бисер“ и планираат да му понудат нов договор кој му истекува во 2026 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Билд“ тврди дека Мусиала не е задоволен од статусот кој го има во тимот бидејќи и покрај добрите игри често е на клупата за резерви, па преговорите за продолжување на договорот се во застој.
Целата ситуација будно ја следи Реал Мадрид, кој сака да го донесе младиот Германец на „Сантиаго Бернабеу“.
🚨🎖️| Real Madrid are keeping a close eye on Jamal Musiala’s development. @_kochmaximilian pic.twitter.com/Cdym5xQG5e
— Madrid Xtra (@MadridXtra) October 26, 2023