Дома Фудбал Останато Фабрицио Романо: Се е готово, Меси доби порака да биде во Париз

Фабрицио Романо: Се е готово, Меси доби порака да биде во Париз

Еден од најпознатите светски новинари, Фабрицио Романо објави дека Лионел Меси во понеделник ќе ја добие својата осма „Златна топка“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Меси доби порака во понеделеник да биде во Париз и да го подготви своето свечено одело. Сите знаеме што то значи. Да сигурно, осми пат ќе ја освои „Златната топка“. Се укажува на тоа“, пишува Романо.

Имено, „Златната топка“ веќе не се доделува на завршувањето на годината, туку за претходната, а Меси е главен фаворит поради освоеното Светско првенство со Аргентина на кое беше најдобар играч.

Главен конкурент на Меси му беше Ерлинг Халанд кој со 52 гола го водеше Манчестер Сити до тројна круна. Меси така ќе го наследи Карим Бензема кој минатата година го освои ова признание, а далеку зад себе ќе го остави Кристијано Роналдо кој има пет вакви награди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Иран на Светското првенство ќе игра без навивачи

Иранската фудбалска федерација објави во вторникот дека им е одземена распределбата на вле…