Дома Останати Тенис Израелците бараат помош од Ѓоковиќ во борбата против Хамас

Израелците бараат помош од Ѓоковиќ во борбата против Хамас

Израелската амбасада во Белград го замоли Новак Ѓоковиќ да помогне во ослбоодувањето на заложниците кои ги држи Хамас.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Израелците успеаа да пронајдат начин како да го вмешаат Ѓоковиќ да помогне во ослободување на киднапираните деца од Хамас. Како причина амбасадорот наведе дете кое играло тенис, а сега е помеѓу засложниците.

„Драг Новак Ѓоковиќ,

Ова израелско дете по име Охад е твој голем фан.

Многу го сака спортот и игра тенис неколкупати неделно.

За жал, веќе не.

Терористите на Хамас го киднапираа на 7. октомври.

Денес му е 9. роденден и веројатно е сам во некоја мрачна соба во Газа.

Би Ве замолиле да му пратите честитка за роденден и да го поддржите безусловното ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас“, стои во неговата објава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонски репрезентативец во Атина се сретна со Ѓоковиќ (Фото)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти-Џеј Шортс слободното време од обврските со Пан…