Дома Фудбал Италија На ист датум пред седум години го сруши Јувентус, синоќа го сруши Милан📷

На ист датум пред седум години го сруши Јувентус, синоќа го сруши Милан📷

Мануел Локатели синоќа беше херој за Јувентус и со својот гол му донесе победа против Милан на „Сан Сиро“.

Интересно, Локатели е дете на академијата на Милан и пред седум години на своето деби токму со неговиот гол „росонерите“ го победија Јувентус.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Дека судбината навистина замешала прсти покажува фактот што двата настапи се случија точно на 22 октомври, седум години подоцна.

„Тој гол од пред седум години ми беше во мислите уште пред мечот. Ова навистина беше игра на судбината, неверојатно е дека постигнав гол на ист ден, седум години подоцна, но со различен дрес. Знаев дека е истиот датум, тоа го зборував со сите во семејството и затоа овој гол им го посветувам нив“, изјави Локатели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Падна еден од најбрзите голови во историјата на фудбалот, мрежата се тресеше за само осум секунди! (Видео)

На домашен терен, Сент Патрикс ги пречека Боемианс во дерби натпревар за водечката позициј…