Дома Македонски спорт Еурофарм Пелистер го одби барањето на Вардар: Не прифаќа одложување на дербито!

Еурофарм Пелистер го одби барањето на Вардар: Не прифаќа одложување на дербито!

И покрај вирусот во таборот на Вардар кој го „осакати“ тимот пред натпреварот со Еурофарм Пелистер дербито веројатно ќе се одигра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вардар вчера побара, но Еурофарм Пелистер денес одговори дека не прифаќа одложување на натпреварот.

Одговорот на битолскиот клуб ви го пренесуваме во целост:

Со особена загриженост ја примивме веста за вироза во таборот на нашиот следен противник во групата Б на Суперлигата, Вардар 1961 од Скопје. Изразуваме желби и надеж за што поскоро оздравување и вистинска спортска борба на најдобрите тимови на Еурофарм Пелистер и Вардар 1861 в недела попладне во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Според членот 13, став 5 од пропозициите за натпревари во Суперлигата, постојат услови за одигрување на натпреварот Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 и ние, како и секогаш, максимално ќе се придржуваме кон пропозициите.

Веруваме дека противникот ќе се екипира во потребниот рок, ќе пристигне во Битола и ќе го пречекаме и угостиме како и секогаш – коректно, спортски и во духот на фер-плејот.

Спортски поздрав
РК Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Митревски: Утре ништо нема да биде решено!

Македонската ракометна репрезентација денеска замина за Словачка, каде утре во Прешов ќе г…