За помалку од десет дена во Шпанија ќе се игра првото „Ел Класико“ сезонава помеѓу Барелона и Реал Мадрид.
Како што времето за почетокот на натпреварот се доближува, така и еуфоријата е се поголема. Двете екипи до тој натпревар ќе одиграат уште по два натпревари, по еден во првенството и Лигата на шампионите, а потоа вниманието ќе го насочат кон исклучтелно важната битка.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Натпреварот ќе се игра на „Монтужуик“, како што е познато Барселона тука ги игра своите домашни натпревари поради реновирањето на „Камп Ноу“. Овој стадион е со помал капацитет од „Камп Ноу“ и собира 49.472 навивачи, па затоа и цените се поскапи.
Цените за најевтините билети за натпреварот се движат од 294 до 344 евра, додека наскапите во ВИП зоната достигнуваат и вредност од 2.450 евра. Во наредните денови на црниот пазар билетите веројатно ќе достигнат и повисока цена.