Дома Фудбал Италија Поранешниот фудбалер на Јувентус осуден на две години, ќе плати и оштета на државата

Поранешниот фудбалер на Јувентус осуден на две години, ќе плати и оштета на државата

Легендарниот црногорски фудбалер, Мирко Вучиниќ е осуден на две години затворска казна поради затајување данок.

Поранешниот фудбалер на Рома и Јувентус беше обвинет дека не пријавил шест милиони евра и доби двегодишна условна казна. Споменатиот износ Вучиниќ го заработил од 2014 до 2017 година кога требало да плати данок во Италија, но не го направи тоа.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Судијата Валерио Фидела донесе одлука да се заплени сметката на Вучиниќ и неговиот имот. Вучиниќ се бранел дека платата ја добивал во Обединетите Арапски Емирати, а не во Италија. Во последниот период од кариерата Вучиниќ играше за Ал-Џазира.

Но, одбраната не поминало добро и затоа Вучиниќ ќе мора да ја плати оштетата на државата и дополнителна камата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јунајтед со крената глава заминува од Енфилд🎥

Манчестер Јунајтед одигра храбро на гостувањето кај лидерот Ливерпул, остана непоразен и з…