Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм Пелистер поразен во Загреб

Еурофарм Пелистер поразен во Загреб

Еурофарм Пелистер вечерва загуби на гостувањето кај Загреб со 18-27 во ракометната Лига на шампиони.

Првото полувреме донесе максимално изедначена игра, Пелистер имаше само еднаш водство (5:3), а на одмор се замина со резултат 10:10.

Мечот беше израмнет до 15-има минути до крајот, а потоа играта на Пелистер се распадна. При резултат 16:16 следуваше серија на Загреб 3:0, па 5:1 и го реши прашањето околу победникот.

Најефикасен кај Пелистер беше Борзаш со три гола, додека кај Загреб се истакнаа Кос и Кавчиќ со по 5 погодоци, Мандиќ имаше 11 одбрани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Пелистер бара одговор по дербито, Охрид ја напаѓа петтата победа во низа

Тиквеш гостува во Битола со две победи зад себе, а Охрид ја пречекува Младост во отворањет…